Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Челси откри кој соиграч бил нокаутиран од Шевченко

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/andriyshevchenko

Фудбалската јавност често дознава за одредени конфликти меѓу клупски колеги во интервјуа дадени многу години подоцна, а таков е случајот и со информацијата која деновиве ја споделил Вејн Бриџ.

Поранешниот дефанзивец на Челси гостувал во подкаст во кој зборувал за периодот поминат во лондонскиот премиерлигаш и открил за еден пожесток инцидент во кој учествувал и легендарниот Андриј Шевченко.

Украинецот не се прослави со настапите во дресот на Челси, но затоа му одржал лекција на Тал Бен Хаим, кој бил познат по жестоките стартови на тренинзите.

– Најжестокиот дуел се случи меѓу Шевченко и Бен Хаим.

– Израелецот знаеше да биде прегруб со своите стартови, за што веќе беше предупреден од Шева.

– Но, ситуацијата се повтори и двајцата влегоа во клинч, по што следуваше неверојатна комбинација удари на Шевченко. Беше неверојатно, му зададе неколку различни удари и тоа беше „крај на играта“. Бен Хаим мораше да проголта дел од гордоста и да продолжи понатаму, секако и веќе да не смее да помисли да му се доближи на Шевченко, – рекол Бриџ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни