Германија
Поранешен играч на Челси ја крена на нозе цела Германија со шокантно видео од комплексот на Херта
Германската Бундеслига прва најави враќање на фудбалските терени, но предвидениот рестарт се одложи за крајот на овој месец откако владата во оваа земја не даде зелено светло за старт уште на 9-ти мај.
Вестите за рестарт се напозитивни во Германија поради тоа што тимовите веќе извесно време ги одработуваат групните тренинзи, но сега најавите за довршување на сезоната сериозно се доведоа во прашање, откако ова попладне поранешниот напаѓач на Челси сподели видео на кое се гледа како фудбалерите на Херта не почитуваат ниту една од строгите мерки.
Саломон Калу имаше вклучување во живо на Фејсбук и на истото во неколку минути прекрши безброј ригорозни правила, вклучувајќи го поздравувањето со соиграчите, неодржувањето на дистанца, па дури и влегување во просторија каде се тестираат негови соиграчи за коронавирус.
Видеото кое подоцна го избриша и го окарактеризира како „шега“ навлече голем гнев во јавноста, а одредени германски медиуми сметаат дека истото може да биде и кобно за најваениот рестарт на Бундеслигата.
-
Шпанијапред 24 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 12 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 21 час
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 16 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот