Поврзете се со нас

Италија

Поранешен играч на Барселона: Знам дека Милан е во контакт со мојот клуб…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Италијанскиот прволигаш Милан ќе направи промени во играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок, неколку позиции треба да се освежат, а една од нив десен бек.

„Росонерите“ таму го имаат Алесандро Флоренци кој не е во плановите на новиот тренер Паоло Фонсека, а тука е и капитенот Давиде Калабрија кој има само уште една годиниа од актуелниот договор.

Желба на клубот од Милано е повремениот бразилски репрезентативец и екс член на Барселона, Емерсон Ројал кој во моментов е дел од Тотенхем.

-Вистината е дека сè уште ништо не е дефинирано. Очигледно знам дека Милан е во контакт со Тотенхем, тие побараа информации за мене. За мене е многу пријатно бидејќи многу бразилски играчи играа за Милан.

-Да почекаме и да видиме што ќе се случи. Дресот на Милан е многу важен и значаен. Знаејќи дека тимови како оваа ме следат, ме прави многу среќен, -вели Емерсон кој има договор со премиерлигашот до 2026 година.

Се очекува Тотенхем да бара околу 20 милиони евра за 25-годишниот Ројал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни