Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен играч на Барселона сака да го купи Еспањол поради невообичаена причина

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RCDEspanyol_EN

Мартин Брајтвајт во своето фудбалско портфолио може гордо да го потенцира фактот дека го носел дресот на Барселона, но и дека после тоа прифатил да настапува за градскиот ривал Еспањол.

Данскиот фудбалер им помогна на „сино-белите“ да се вратат во Ла Лига со 22 постигнати голови последната сезона во втората лига, но и покрај тоа се раздели со Каталонците и се пресели во редовите на Гремио.

„Марка“ тврди дека Брајтвајт бил толку разочаран и испровоциран од однесувањето на раководството на Еспањол, што сега размислува да го купи клубот за да може да го отпушти актуелниот менаџмент.

Напаѓачот е еден од најбогатите светски фудбалери поради своите бизниси и поседува сериозен капитал во повеќе индустрии, па сега планира да испрати понуда за купување на повратникот во првата шпанска фудбалска лига.

Еспањол во моментов има кинески газда.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни