Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен играч на Барселона го нападна Луис Енрике: Не сакаше да троши време за мене……

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Луис Енрике триумфираше на „Камп Ноу“ и како тренер на Барселона и му донесе триплета на клубот во својата прва сезона како шеф на стручниот штаб, но после три исцрпувачки години како предводник, Лучо реши дека е вистинско време за разделба.

Актуелниот тренер на ПСЖ ја водеше Барса од 2014-та до 2017-та година и во тоа време располагаше со големи фудбалски ѕвезди како Меси, Нејмар и Суарез, меѓутоа реалноста е дека имаше и такви кои не беа баш најимпресионирани од методите кои беа применувани од Лучо.

Тоа го открива францускиот дефанзивец Жереми Матје, фудбалер кој беше купен токму од Луис Енрике, но кој со текот на сезоните добиваше се помала доверба од шпанскиот стручњак.

Матје освои голем број трофеи и одигра важна улога во сезоната кога беше освоена триплетата, успех кој сепак не направи да има добар крај на авантурата во Барселона.

– Имам измешани чувства за Луис Енрике. Тој беше човекот кој ме побара во Барселона и имавме и тајна средба за да го комплетирам трансферот од Валенсија. Сепак, со текот на времето, се уверив дека тој е тренер кој не зборува многу, не ви дава преголема самодоверба и не ви дава објаснувања. Мене ми беше потребна верба од тренерот за да играм на највисоко ниво, понекогаш играв на најважните натпревари, а потоа не добивав објаснување зошто сум на клупа. Не можев да сфатам зошто го прави тоа, но никогаш не ми даде објаснување. Можеби немаше време за трошење за мене…..

– Очигледно тоа е неговиот метод на работа, ќе видиме дали ќе му донесе проблеми и во ПСЖ. Не знам дали се променил од тогаш, но поради него имав лош крај на авантурата во Барселона, – открива Матје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни