Шпанија
Поранешен играч на Барса: Не постои тактика за да го сопрете Модриќ, Реал е најдобар тим во светот

Артур Мело своевремено беше надежен бразилски фудбалер и пристигна во Барселона за да ги следи стапките на Чави Ернандес, но иако брзо стана јасно дека не може да одговори на таквите барања, Бразилецот доби шанса за докажување во неколку европски клубови, од кои последен е Џирона.
Играчот за врска во завршницата од преодниот рок беше испратен во Џирона како позајмен фудбалер од Јувентус, а вчера го запиша вториот настап во Ла Лига за малиот каталонски тим, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.
Мело и неговите соиграчи мораа да се помират со пораз од 2:0 на гостувањето во шпанската престолнина, но како поранешен член на каталонскиот великан, Артур привлече внимание со изјавата која ја даде за Лука Модриќ, но и за Реал Мадрид како тим.
– Голот на Модриќ беше генијален момент. Едноставно не може да направите ништо во таква ситуација, ниту една тактика не може да сопре гол каков тој што го видовме. Му честитав за спектакуларниот гол по крајот на мечот, уште еднаш ни покажа дека ужива на теренот, – вели Мело и додава.
– Ние пристапуваме на секој меч со план да победиме, сакавме да бидеме најдобра верзија од себе, но игравме против Реал на „Бернабеу“. За мене Реал е најдобар тим во светот, имаат големо искуство и играат со голема самодоверба, – потенцира Бразилецот.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)