Поврзете се со нас

Свет

Поранешен играч на Атлетико Мадрид сурово искрен за трансферот во Кина: Не сум лицемер, не заминав…

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Аргентина, Аугусто Фернандез се отвори и откри зошто заминал во Кина во 2018 година.

Фернандез  кој имаше важна улога во тимот на Чоло Симеоне си замина од Атлетико Мадрид и во 2018 година направи трансфер во кинескиот тим Пекинг Рене.

Сега откако му заврши договорот со кинескиот клуб, Аугусто призна дека во Кина не заминал поради фудбалот, но сепак посочи дека кинескиот фудбал е доста потценет.

– Нема да бидам лицемер, не заминав во Кина поради фудбалот. Имав уште две години од договорот со Атлетико и Чоло навистина ме сакаше.

– Сепак, мора да кажам дека кинескиот фудбал е навистина потценет, луѓето мислат дека таму се игра со „дувало“. Удрите Кинез, па ќе видите кој ќе победи. Тие се навистина брзи и агресивни.

– Кинескиот фудбал за мене беше големо животно искуство, ретко и поинакво, многу поинакво. Заминав да се натпреварувам и да тренирам, а почитта од Кинезите не се заработува со минатиот труд, туку со тренинзи и резултати. Кинескиот фудбал е брз, но има тактички недостатоци, -изјави 34 годишниот Фернандез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни