Поврзете се со нас

Свет

Поранешен играч на Атлетико и Челси емотивно испратен во пензија од фановите на Фламенго (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Flamengo

Фламенго го победи тимот на Кујаба во претпоследното коло од актуелната сезона во бразилското фудбалско првенство, а истиот беше последен во кариерата и за Филипе Луис.

38-годишниот лев бек помина голем дел од кариерата во Европа, каде со успех го носеше дресот на Атлетико Мадрид и Челси, а вечерва доживеа емотивно збогување од фановите на Фламенго.

Луис првпат отпатува во Европа за краток престој во Б тимот на Реал Мадрид, по што потпиша за Депортиво Ла Коруња. Најголемите успеси ги постигна како член на Атлетико, каде настапуваше од 2010 до 2019 година, а една сезона беше во редовите на Челси.

Бразилецот има по една титула во Ла Лига и Премиер лигата, а два пати загуби во финалето на Лигата на шампионите. Последните три години освои две титули во бразилското првенство и во Копа Либертадорес со Фламенго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни