Поврзете се со нас

Англија

Поранешен играч на Арсенал уапсен поради шверц на голема количина канабис

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Morton_FC

Шкотскиот клуб Гринок Мортон го раскина договорот со Џеј Емануел-Томас, затоа што против фудбалерот се води обвинение за обид за увоз и трговија со поголема количина канабис.

Полицијата открила 60 килограми канабис во два куфера на аеродром во Лондон, багаж кој пристигнал со лет од Бангкок, а Емануел-Томас е меѓу уапсените за учество во обидот за пренесување на дрогата на англиска територија.

Емануел-Томас во минатото бил англиски репрезентативец во У17 и У19 категориите, кратко настапувал за Арсенал, но и други англиски и шкотски клубови, а беше член и на тајландски прволигаш.

Со летот од Бангкок патувале две жени, од кои едната била партнерка на фудбалерот, а веднаш биле уапсени и подоцна пуштени да се бранат од слобода за спорниот багаж вреден 600.000 фунти.

33-годишниот Емануел-Томас не ја признава вината и допрва ќе дознае какво обвинение ќе му биде поднесено, а во меѓувреме остана без својот фудбалски ангажман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни