Поврзете се со нас

АТП

Поранешен грен слем шампион се мачи со ранкингот: Ова е моја последна шанса за приклучок

Објавено

на

Foto:instagram.com/domithiem

Доминик Тим е далеку од деновите кога беше дел од тениската елита, или поточно од времињата кога играше грен слем финалиња и ги предизвикуваше најдобрите играчи како Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Австриецот оствари неколку победи над двајцата и најголемиот успех во кариерата го оствари кога го осови Ју-Ес Опен, но како поранешен грен слем шампион Тим сега се наоѓа во доста незавидна ситуација.

Тешката повреда на зглобот го натера Тим да направи подолга пауза од тенисот, па иако веќе е вратен речиси две години, Доминик никако не успева да ја пронајде препознатливата форма.

Според Австриецот, голем проблем за него е ранкингот кој го има во овој момент, бидејќи тоа му носи тежок ждреб на сите важни турнири, што автоматски прави да има незгоден пат каков што беше оној во Австралија.

– Оваа сезона ја гледам како последна шанса за фаќаше приклучок. Ако успеам да се пробијам на АТП листата, мислам дека брзо ќе се вратам во елитата. Поминаа две години од мојата повреда, во 2022-ра завршив околу 100-то место, а лани на 98-то. Ако повторно завршам околу 100-то место, ќе треба да размислам дали вреди да се продолжи.

– Никогаш не сум играл за пари. Јас не сум личност која дава големо значење на парите. Го барам своето најдобро ниво и играњето тенис е она што ме мотивира да бидам секој ден подобар, – вели Тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни