Италија
Поранешен голман на Јувентус: Во менаџментот има многу луѓе кои немале никаква конекција со фудбалот

Јувентус потфрли на гостувањето кај ПСВ Ајндховен и доживеа елиминација во Лигата на шампионите, епилог кој донесе ново разочарување кај фановите, кои не можат да бидат задоволни од сезоната и во домашното првенство.
Тренерот Тиаго Мота и натаму има проблеми да го адаптира актуелниот ростер на својата тренерска филозофија, а резултатите наложија главна амбиција на Јуве да биде место во Топ 4 зоната.
Поранешниот голман, а кратко и директор во клубот, Марко Сторари, смета дека една од причините за „лутањето“ на „бјанконерите“ е фактот што во актуелното раководство има многу членови кои немале никаква конекција со фудбалот.
– Очекував вакви потешкотии бидејќи имаше големи промени и во раководството на клубот, па единствен со фудбалско искуство е Кристојано Џунтоли.
– Извршниот директор и претседателот претходно немале ништо заедничко со фудбалот и тоа има големо значење.
– Минатата година во клубот беше Мана (сега спортски директор на Наполи) кој добро знае што значи да си дел од Јувентус, како и Алегри кој е трет најуспешен тренер во клупската историја. Мота сигурно ќе биде голем тренер, но мора да се соочи со сериозниот притисок. Ова не е Болоња, во Јувентус мора да победуваш, – рекол Сторари.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 19 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)