Поранешен голман на Јунајтед и Челси: Де Хеа не е најдобар на светот, се уште број еден е…

de hea odbrana

Шпанскиот репрезентативец, Давид Де Хеа имаше фантастичен настап на дерби средбата против Арсенал во Премиер лигата каде со неговите 14 интервенции му помогна на Манчестер Јунајтед да слави, а воедно уште еднаш го потврди својот статус на еден од најдобрите светски голмани.

За многумина Де Хеа е без двоумење број еден на светот, иако има одлични чувари како Мануел Нојер, Марк Андре Тер Штеген, Тибо Куртоа, Петр Чех… Своето мислење на оваа тема го искажа и некогашниот член на Челси и Манчестер Јунајтед, Марк Боснич кој вели дека го почитува Де Хеа, но за него и понатаму неприкосновен меѓу стативите е ветеранот Џанлуиџи Буфон.

– Мислам Де Хеа ќе биде дефинитивно во Топ 3. Беше неверојатен против Арсенал. Имаше 14 одбрани, одличен настап од Де Хеа, но ако сакате да ја освоите титулата потребен ви е голман кој ќе ви одбрани 20 до 25 поени во сезоната. Нема ниту еден тим кој го освоил пехарот, а да нема добар голман меѓу стативите. Ама морате да размислувате за Буфон, без разлика на неговата возраст. Беше четврти на доделувањата на наградите на ФИФА, ја доби наградата за најдобар голман. Знам дека не го гледаме него како голманите во ПЛ, ама јас се уште би го ставил Буфон како број еден пред Де Хеа, – вели Боснич за „Токспорт“.

Facebook Коментари