Поврзете се со нас

Италија

Поранешен голман на Интер: Битката за скудетото наликува на дуелот Хамилтон-Ферстапен

Објавено

на

Франческо Толдо како поранешен италијански репрезентативец и долгогодишен член на Интер ја коментирал борбата за титулата во Серија А и признава дека и самиот е возбуден од она што се случува сезонава.

Милан, Интер, Наполи и Аталанта засега се со најголеми шанси да се борат за скудетото, а Толдо очекува да биде неизвесно до самиот крај, споредувајќи ја битката со таа во Формула 1.

– Конечно гледаме интересно и неизвесно првенство, со три или четири екипи кои се борат за титулата.

– Ми наликува на битката на Хамилтон и Ферстапен во Формула 1, според мене и фановите не сакаа сезони во кои доминираше една екипа, – изјавил Толдо.

Тој има коментар и за неговиот Интер, каде Симоне Инѕаги го замени Антонио Конте на клупата.

– Инѕаги мора да добие признание за она што го прави, екипата игра атрактивно и постигнува многу голови, – рекол поранешниот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни