Шпанија
Поранешен голман на Барса кој се повлече пред еден месец му се нуди на Ханси Флик: Ако е потребно, тука сум!
Барселона има извонреден старт на новата натпреварувачка сезона во Ла Лига каде изгледа несопирливо со шест победи на исто толку меча, но сепак повредите прават овој почеток да биде и навистина сложен за тренерот Ханси Флик.
По тешката повреда на Марк Бернал, вчера вистински ужас доживеа и Марк Андре Тер Штеген, а веќе ова попладне беше потврдено дека Германецот ќе прави операција и дека сезоната за него е завршена.
Поради тоа, Барселона мора да разгледува опции за пополнување на голманската позиција и до месец јануари смее да донесе само слободни агенти, па во една таква ситуација, со интересна порака во јавноста излезе Клаудио Браво.
Поранешниот голман на Барса објави фудбалска пензија на крајот на месец август, но сега вели дека е подготвен да ја стопира својата одлука доколку им е потребна услуга на каталонците.
– Ако Барселона ми се јави и ако сум потребен на клубот, јас сум тука. Ќе бидам подготвен да ставам привремен крај на мојата пензија, – вели Браво.
-
Свет12 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет5 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Италија14 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Гвардиола даде одговор од Италија: Дали е ова моја последна година во Сити?