Поврзете се со нас

Балкан

Поранешен фудбалер на Челси го презема Трабзонспор

Објавено

на

Турскиот прволигаш Трабзонспор од денеска има нов тренер, а тоа а Еди Њутон, поранешен фудбалер на Челси, кој првпат самостојно ќе ја извршува тренерската функција.

Трабзонспор во веќе завршената сезона го освои второто место во турското првенство, но нема да игра во квалификациите за Лигата на шампионите поради казната од УЕФА, а успешната сезона беше заокружена со освојување на трофејот во турскиот Куп.

Њутон ја доби поддршката од раководството, откако досега беше дел од стручниот штаб, односно привремен тренер во завршницата, а со него Трабзонспор го освои Купот.

Њутон има големо искуство како прв асистент, откако покрај во други клубови, таа функција ја извршуваше и во стручните штабови на Роберто Ди Матео и Гус Хидинк во Челси.

Њутон настапуваше за Челси меѓу 1990 и 1999 година, па со лондонскиот клуб има по еден трофеј во ФА купот, Лига купот и Купот на победниците на куповите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни