Поврзете се со нас

Балкан

Поранешен фудбалер на Баер, Фенер и Бешикташ во бегство откако убил едно лице во Истанбул

Објавено

на

Поранешниот турски фудбалер Сезер Озтурк учествувал во вооружена пресметка во Истанбул, која завршила со едно убиено лице и неколку повредени учесници.

Озтурк е роден во Германија, потекнува од младинската академија на Баер Леверкузен, а по сениорското деби за „фармацевтите“, подоцна настапуваше и за Нирнберг, Фенербахче и Бешикташ.

Инцидентот во кој учествувал се случил на 19. септември, а очевидците велат дека се работело за сообраќајна расправија која прераснала во пресметка со убиено 24-годишно момче кое било во групата која му се спротивставила на Озтурк.

Поранешниот фудбалер е во бегство и полицијата трага по него, со обвинение дека тој е убиецот, а и директно виновен за останатите повредени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни