Свет
Поранешен фудбалер на Атлетико и Челси освои прв трофеј во тренерската кариера
Победата на Фламенго над Атлетико Минеиро со 1:0 во реваншот од финалето на бразилскиот Куп, значеше и потврда за трофејот за составот од Рио де Жанеиро, кој го освои вториот најважен трофеј во земјата.
Истовремено, тоа е и прв трофеј во тренерската кариера на поранешниот бразилски репрезентативец Филипе Луиш, кој голем дел од кариерата го мина во дресот на Атлетико Мадрид, а освои и премиерлигашка титула со Челси.
Луиш го презема Фламенго пред еден месец и веќе може да се пофали со еден голем успех, затоа што неговиот тим го доби финалето со вкупен резултат 4:1 и заслужено го подигна трофејот.
Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси по долг престој во Европа се врати во татковината во 2019 година, беше активен фудбалер до минатата година, а по работата со младинските категории, првиот сениорски тренерски ангажман дојде по повлекувањето на актуелниот бразилски селектор Тите.
Во првенството Фламенго е далеку од првото место, со заостанување од десет бодови зад лидер Ботафого.
-
Англија21 час
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони21 час
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Шпанија20 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија12 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
АТП22 часа
Дел По со емотивно писмо му се обрати на Ѓоковиќ: Не си само најголем во историјата на спортот…
-
Англија23 часа
Ван Дер Варт: Халанд не е напаѓач од светска класа
-
Англија20 часа
Мајстори за прекини: Арсенал преку два корнери до победа над Јунајтед (ВИДЕО)