Поранешен фудбалер на Ливерпул се посрамоти пред малите екрани, ги нарече фудбалерите на Црвена Звезда водоводџии… (Видео)

skyvorno

„Скај Спортс“ на својата програма имаше ексклузивна емисија со стручни аналитичари во пресрет на ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.

Аналитичарите меѓу кои беше и Стивен Ворнок, поранешен фудбалер на Ливерпул, Лидс и Астон Вила. Ворнок буквално се посрамоти при анализата на групата Б во која се наоѓаат Црвена Звезда, Тотенхем, Баер Леверкузен и Олимпијакос.

Имено, тој истакна дека фудбалерите на Црвена Звезда се полупрофесионалци кои во слободно време работат како водоводџии, нешто што веднаш предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

– Тие се многу страствени играчи. Тоа е место на кое има непријателска атмосфера, а фудбалерите се вработени на одредено време. А потоа сфаќате дека и минатата година играа во Лигата на шампионите. Да, тие се вработени на одредено работно време. Има многу од нив кои играа и минатата година, а кои се водоинсталатериили слично, тоа е имрпесивно, -истакна Ворнок.

По нападите на социјалните мрежи, веднаш се огласи и Ворнок кој наводно прочитал дека Милан Павков во слободно време работи како електричар.

– Не забележав дека ова е лажно, дека тој е електричар. Очигледно не треба да верувате во се што ќе прочитата, -напиша Ворнок на „Твитер“.

Facebook Коментари