Поврзете се со нас

Англија

Поранешен француски репрезентативец со совет до Кулибали: Нив мора да ги одбие, нема да освојат ништо..

Објавено

на

Калиду Кулибали долго време се поврзува со заминување од редовите на Наполи и трансфер во некој од големите европски клубови.

Долго време се пишуваше дека Манчестер Јунајтед е еден од  заинтересираните клубови, а сега кога Наполи се согласи да го продаде се појавија и други тимови кои пројавија интерес за Сенегалецот.

За Кулибали се интересираат и ПСЖ, Ливерпул и Челси, а според поранешниот фудбалер токму на Челси, играчот треба да избере некој од овие клубови за продолжување на кариерата.

– Никогаш нема да го советувам да оди во Манчестер Јунајтед поради неколку причини. Сакам да видам таков играч како освојува титули, а сметам дека Манчестер Јунајтед во моментов не е клуб кој ќе освојува титули.

– Мислам дека Ливерпул ќе биде добар тим за него, а со ван Дајк би биле фантастични. ПСЖ исто така со Маркињос може да направи тандем од два одлични централни бека.

– Мислам дека  и на Челси им е потребен таков играч. Не знам дали Кулибали ќе биде заинтересиран, но иако тие имаат двајца добри стопери, Кулибали ќе донесе ново ниво во клубот и мислам ќе се вклопи одлично, -изјави Лебеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни