Поврзете се со нас

Франција

Поранешен француски репрезентативец јавно го прозва Рамос: Се сомневам дека ќе се опорави од повредата!

Објавено

на

Жером Ротен стандардно ги дава своите мислења за актелностите во францускиот фудбал како стручен аналитичар за „Радио Монте Карло“, а како поранешен играч на ПСЖ, си даде за право да го коментира големото засилување кое уште не го има остварено своето деби.

Серхио Рамос пристигна како огромно засилување за „светците“ во летниот преоден рок, но поради проблемот со мускулот на задниот дел од ногата, ПСЖ веќе неколкупати го одложуваше неговиот деби настап и за истиот ќе почека уште извесно време.

Поради истата повреда, Рамос не беше повикан од Луис Енрике и за Европското првенство, а Ротен се сомнева дека Серхио ќе може целосно да го санира овој здравствен проблем во оваа фаза од кариерата.

– Повреда во пределот на листот во самата завршница од кариерата е навистина ужасна вест. Играчот добива континуитет на натпревари и тренинзи, а на одредна возраст, на фудбалерите им е потребен поголем континуитет. Се сомневам дека комплетно ќе ги реши проблемите со повредата на листот.

– Кога дојде, сите велеа дека Серхио ќе го промени менталитетот во одбраната и во соблекувалната на ПСЖ. Засега, Маркињос и Кимпембе се многу пред Рамос. Не го видовме на теренот и ако не го видиме набрзо, ќе биде безначајно да се има само во тимот. Се повеќе добивам впечаток дека Рамос е лош избор за ПСЖ, – потенцира Ротен кој во својата кариера мина шест години во ПСЖ, а во тој период беше и француски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни