Свет
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…
Пол Погба веќе некое време е слободен фудбалер кој од наредниот месец ќе може официјално да се врати на терените по истекот на казната за допинг.
Последниот ангажман го имаше во Јувентус, приказна која дефинитивно не заврши или продолжи во вториот мандат поради повредите и потоа суспензијата поради користење на недозволени средства за да потоа дојде и до прекин на соработката. Французинот сега ќе треба внимателно да го одбере следниот предизвик ако сака да си ја врати кариерата на вистинскиот пат, а една од опциите дефинитивно е да се врати во татковната каде може да потпише за некогашниот европски првак, Олимпик Марсеј.
-Тој е играч, човек на кој му се восхитуваме и претседателот Лонгорија и јас. Размислувавме за него, сакавме да го направиме тоа, но дали имаше смисла да донесеме Погба кој се уште не беше во форма? Ризикот беше да се наруши рамнотежата на тимот со играч кој немаше да биде најдоброто до крајот на сезоната.
-Сепак, доколку се укаже прилика, би биле среќни да имаме играч како Погба кој може да ни помогне во следната кампања, -истакна Меди Бенатија кој е спортски директор на составот од „Велодром“.
-
Балкан12 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Свет23 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Англија19 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Англија21 час
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет21 час
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)