Поврзете се со нас

Шпанија

Поранешен елитен шпански арбитар за контроверзниот крај на „Месталја“: Судијата донесе…

Објавено

на

Валенсија и Реал Мадрид во еден возбудлив, динамичен и борбен меч ги поделија бодовите на „Месталја“ (2-2) во дуел во кој ќе остане запаметен по дискутабилната одлука на главниот судија Хесус Хиљ Мансано.

Се играа последните секунди кога Мансано се реши да отсвири крај и тоа во моментите кога Дијаз направи центаршут по кој Белингем ја затресе мрежата на домаќините за 3-2. Гостите не можеа да поверуваат што се случи и бурно протестираа наместо да се радуваат на голот, ситуација при која судијата му додели и црвен картон на Џуд што значи дополнителен проблем за лидерот во Примера.

Околу оваа ситуација свој коментар даде поранешниот елитен шпански арбитар, Алфонсо Перез Бурул кој говореше за Радио Марка.

-Судијата правилно отсвири крај. Попустите се за оние кои напаѓаат како и за оние кои бранат. Брахим ја зема топката и нафрлувањето се води како втора акција. Тоа е правилна одлука, -вели Бурул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни