Поврзете се со нас

Англија

Поранешен директор откри дека Арсенал го продал Анри на немилосрден начин

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Тјери Анри е вистинска и жива легенда на Арсенал и клубот од Северен Лондон е оној кој секогаш му е најблизок до срце, но Французинот еден од најпосакуваните трофеи во кариерата го освои далеку од Англија.

Анри стана европски шампион на клупски план откако направи трансфер во Барселона, клуб кој му овозможи да достигне нови врвови во европскиот и светскиот фудбал благодарение на генерацијата која ја создаде Пеп Гвардиола.

Популарниот Тити неочекувано направи трансфер во Барса во период кога Арсенал се пресели на „Емирејтс“, а сега еден од директорите кои беа клучни за реализацирање на операцијата, открива дека клубот се согласил на продажба поради една брутална реалност.

Кејт Еделман како некогашен управен директор на Арсенал уверува дека клубот го продал Анри поради тоа што утврдил дека напаѓачот ја губи својата најпрепознатлива фудбалска вештина, па решиле да дозволат трансфер за тогаш скромни 24 милиони евра.

– Причината поради која на Анри му беше дозволено да си оди е едноставна. Тој почна да ја губи брзината, а цела негова игра се базираше на брзината. Беше продаден бидејќи ја загуби брзината и тоа е реалноста.

– Ако ја загубиш брзината, ти едноставно си „мртов“ на теренот. Решивме да заработиме пари во ситуација кога неговата форма беше во надолна линија, – открива Еделман во интервјуто за „Сан“.

– Истото сега му се случува и на Де Брујне. Зарем не беше подобро Сити да го продаде минатата година? Останувањето беше ризик и се покажа дека се исправни стравувањата, – додава некогашниот директор на „топчиите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни