Поврзете се со нас

Германија

Поранешен директор на Баерн: Тимот на Тухел не може да доминира во Бундеслигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен и сезонава е меѓу најсериозните кандидати за титулата во Бундеслигата, но доби сериозен ривал во Баер Лерверкузен, кој е лидер во пресрет на меѓусебниот дуел.

Поранешниот технички директор, Михаел Решке, во своето последно интервју истакнал дека Баерн веќе не може да доминира како последната деценија и има други екипи кои се прашуваат за титулата.

– Самодовербата и рутината со кои Баерн ги освојуваше титулите во минатото веќе не постојат во ерата на Томас Тухел.

– Во времето на Пеп Гвардиола сите екипи се бранеа од својата половина, додека сега гледаме дека речиси сите ривали создаваат проблеми за Баерн.

– Ова не е типично за Баварците, но истовремено е добро за Бундеслигата, бидејќи секое коло има интересни натпревари, – рекол Решке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни