Поврзете се со нас

Италија

Поранешен дефанзивец на Јувентус: Тудор го разбуди тимот со едноставен потег

Објавено

на

Фото: https://x.com/juventusfc

Игор Тудор се врати во Јувентус како наследник на Тиаго Мота, а засега клубот и фановите можат да бидат задоволни со ефектот од седум освоени бодови на првите три натпревари и Топ 4 позиција на табелата.

Хрватскиот стручњак ја подразбуди екипата која претходно влезе во катастрофална резултатска серија и доживеа рана елиминација во Лигата на шампионите и Копа Италија, а неговиот поранешен соиграч Никола Легротаље тврди дека е импресиониран од новиот тренер на Јувентус.

– Тудор се погрижи да го намали притисокот над фудбалерите и пред се, да ги постави на нивните природни позиции.

– Тој го направи она што многу го очекуваа, а најдобар пример е позицијата на Копмајнерс и начинот на кој тој одигра против Лече.

– Нико Гонзалес игра на десната страна каде има поголем ефект од неговиот настап, Тирам има поголемо влијание врз играта со актуелната позиција, а Јилдиз е многу поопасен кога игра поцентрално и тоа го докажа со головите постигнати против Џенова и Лече, – вели екс дефанзивецот на „бјанконерите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни