Поранешен белгиски репрезентативец ќе му помага на Јаневски во Вардар

Van der Heyden

Претходниот месец нашиот прославен ас Чедомир Јаневски се врати во Вардар овој пат на чело на стручниот штаб и за кратко време забележа одлични резултати кои беа крунисани со историски пласман на клубот во групната фаза во Лига Европа.

Меѓутоа самиот Чеде најави оти сака да си донесе свој човек за прв асистент на клупата и според белгиските медиуми тоа е веќе направено, односно негов помошник ќе биде Стефан Ван Дер Хејден.

Станува збор за поранешен белгиски репрезентативец, некогашен член на Беверен, Бриж, Рода, Лил и Жерминал Бершот кој досега работел како помошник во три клуба во Беверен, Локерен и Бриж.

-И се радувам на оваа нова авантура, -порачал 48-годишниот Ван Дер Хејден.

Информациите говорат оти со него е договорена двегодишна соработка, но Вардар се уште ја нема потврдена оваа информација.

Facebook Коментари