Поврзете се со нас

Англија

Поранешен бек на Ливерпул избоден со нож при излегување од автомобил

Објавено

на

Фудбалските ѕвезди мора да внимаваат посебно на сите протоколи кои ги налагаат владите со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, но додека во Англија владее апсолутна дисциплина на теренот, надвор од него ни пристигна една лоша вест.

Поранешниот десен бек на Ливерпул бил избоден во областа Мерсисајд додека излегувал од својот автомобил, при што добил убодна рана поради која искрвавел и бил експресно пренесен во болница.

Станува збор за некогашниот првотимец Андре Виздом, десниот бек кој во овој момент настапува за Дерби Каунти во втората лига на Англија. Позитивна вест е тоа што ограбувачите не продолжиле да му нанесуваат повреди по првичниот убод, па Виздом сега е стабилен во болница и се опоравува од големиот шок кој сигурно ќе го оддалечи од терените.

– Дерби може да потврди дека Андре Виздом беше жртва на вооружен напад и грабеж. Тој заработи повреди и беше пренесен во болница.

– Сега е во стабилна ситуација, полицијата од Мерсисајд го истражува случајот и клубот му стои на располагање на Андре и неговото семејство, – гласи појаснувањето на Дерби дадено за „Дејли меил“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни