Англија
Поранешен асистент на Гвардиола ја откри „идеалната работа“ за Пеп
Доменек Торент повеќе години соработуваше со Пеп Гвардиола и беше важен дел од неговиот стручен штаб, а во своето последно интервју открил и која позиција ја смета за идеална за шпанскиот стручњак.
Торент работеше со Гвардиола во Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, пред една година да биде тренер на Њујорк Сити, а вели дека идеална функција за Пеп би била селектор на Бразил.
Дани Алвес еднаш изјави дека Гвардиола уште во 2015 година размислувал за таа позиција, но решил да остане во европскиот клупски фудбал. Можеби нема да ја пропушти и следната шанса за прв испит како селектор.
– Пеп може перфектно да го води Бразил, па дури и да ја подобри нивната игра. Ако во нешто е добар, тогаш тоа е подобрување на екипите кои ги презема.
– Тој е заинтересиран за најпрестижните тренерски позиции бидејќи знае дека не можеш да направиш многу без топ фудбалери, а има посебно високо мислење за бразилските фудбалери.
– Неговата слабост кон Бразилците е фактот што тој смета дека лесно се адаптираат на било кој стил на игра и позиција, – изјавил Торент.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)