Поврзете се со нас

Светски првенства

Поранешен асистент на Фергусон: Сантош постапи исправно во случајот „Роналдо“

Објавено

на

Кристијано Роналдо мораше да чека шанса од клупата на дуелот со Јужна Кореја, со што доби јасна порака од Фернандо Сантош, а според поранешен асистент на Алекс Фергусон кој има работено со Роналдо, португалскиот селектор постапил исправно.

Рене Моленстин работеше во стручниот штаб на Манчестер Јунајтед и неколку години соработуваше со Роналдо, но смета дека селекторот морал да покаже кој е главен во националниот тим.

– Не би сакал да бидам португалски селектор во моментов, но малку е тажно кога доаѓа до ваква ситуација на најпрестижниот фудбалски турнир.

– Сметам дека Сантош добро се снајде, тоа беше јасна порака за потврда кој е главен во националниот тим и дека никој не е поголем од најважната цел, а тоа е освојување на мундијалот.

– Се надевам дека селекторот имал и добар разговор со Роналдо и му порачал дека негов избор е дали ќе ја прифати ситуацијата или не, – вели Моленстин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни