Поврзете се со нас

Англија

Поранешен англиски репрезентативец за ВАР: Ова не е фудбал, би дозволил користење само за една работа

Објавено

на

Последните ВАР одлуки во англиската Премиер лига дополнително ја вжештуваат дебатата и за исправноста на одлуката да се користи технологијата за проверка на судиските одлуки, а последен кој испрати сериозни критики е Крис Водл.

Поранешниот англиски репрезентативец смета дека фудбалот ја губи возбудата од „старите добри времиња“ и воопшто својата основна емоција.

– Во мое време имаше точни и погрешни одлуки, но тоа е фудбалот, тоа е народска игра.

– Сега чекаш некого шест или седум минути за да донесе одлука, тоа не е фудбал. Навивачите не можат да се возбудат, фудбалерите не можат да се возбудат, не знаеме дали да славиме или не.

– Единственото нешто за што би ја користел технологијата е да се спречи симулирање пенали, би сакал судиите да имаат помош за тој сегмент. За останатото, исфрлете го ВАР, оставете го судијата да процени, без разлика дали ќе биде во право или ќе погреши, – рекол Водл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни