Поврзете се со нас

Англија

Поранешен англиски репрезентативец за учинокот на Клоп: Тој не е како Гвардиола, освои само една титула во ПЛ!

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп го напушта Ливерпул по крајот на натпреварувачката 2023/2024, ситуација која дефинитивно не е пријатна за премиерлигашот со оглед на значењето, влијанието кое Германецот го имаше во изминавата деценија.

Клоп ги врати „црвените“ при самиот врв како во Англија така и во Европа, освоени се титули на домашната и меѓународната сцена и неговото име со големи букви ќе биде запишано во историјата на овој клуб.

Маѓутоа има и такви кои сметаат дека Јирген не направил премногу ако се спореди со Пеп Гвардиола од Манчестер Сити во истиот период.

-Тој освои една Премиер лига за девет години. И Ливерпул инвестираше големи суми, а имаше среќа да продаде играчи за големи пари. Погледнете го Кутињо, тој беше продаден за 140 милиони евра, а не играше во Барселона. Ливерпул трошеше пари, платите на нивните играчи се неверојатно високи. Клоп беше добар, но не како Гвардиола. Па, тој освои само една Премиер лига, -истакна поранешниот англиски репрезентативец, Дени Милс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни