Поврзете се со нас

Англија

Поранешен англиски репрезентативец: Видиќ беше најпреценет стопер во светот, Невил беше лош играч во голем клуб!

Објавено

на

Foto:instagram.com/ga11official

Габриел Агбонлахор со години беше најдобар играч на Астон Вила и прерасна во жива легенда на овој клуб, но поранешниот англиски репрезентативец привлекува многу повеќе внимание по крајот на неговата кариера.

Популарниот Габи се впушти во коментаторските води и веќе некое време се истакнува како сериозен критичар, а последни на неговото мени се најдоа двајца легендарни дефанзивци на Манчестер Јунајтед.

Агбонлахор очигледно нема посебно мислење за Немања Видиќ и Гери Невил, па откако го нарече овој првиот најпреценет стопер во светот, доби одговор од Гери.

– Сум го кажал ова и претходно, не ми беше тешко да играм против Видиќ. Кога и да ми пријдеше, јас само ја туркав топката позади него и го поминував. Тој беше најпрецентиот дефанзвиец во Премиер лигата, – изјави Агбонлахор, кој откако доби напад од Невил за овој свој став, не се штедеше и за десниот бек кој освои безброј трофеи како член на Манчестер Јунајтед.

– Лош играч во голем клуб, – порача Агбонлагор под видео на „Скај Спортс“ во кое се прикажува негов гол од пенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни