Поврзете се со нас

Англија

Поранешен велшки фудбалер: Салах може без Ливерпул, но Ливерпул ќе има проблем без Салах

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Статусот на Мохамед Салах во Ливерпул останува топ тема на англиската фудбалска сцена, а според изјавите на фудбалерот, засега е јасно дека клубот се уште не и понудил нов договор на египетската ѕвезда и Салах е пред заминување од „Енфилд“.

Целата ситуација носи многу коментари и шпекулации, а јасно е дека Салах многу лесно ќе најде нова средина, бидејќи и сезонава игра во топ форма и е еден од најзаслужните што Ливерпул игра одлично во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Роби Севиџ во својата колумна за „Мирор“ истакнува дека клубот има поголема потреба од Салах, во споредба со Салах и неговата потреба да остане на „Енфилд“.

– Салах може без Ливерпул, но Ливерпул ќе има проблем без Салах.

– Да бев на местото на „египетскиот крал“, ќе почекав до крајот на сезоната пред да ја донесам конечната одлука.

– Да бидеме јасни. Салах е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Ливерпул, рамо до рамо со Кени Далглиш и Иан Раш, а ако клубот сака да најде замена која ќе постигне 223 голови за седум години, ќе треба да плати најмалку 150 милиони фунти.

– Од друга страна, Салах нема обврска да потпише нов договор. Сите оние кои што велат дека Мо ќе остане поради лојалноста кон клубот, треба да сфатат дека таква лојалност веќе не постои во фудбалот. Салах не е обврзан од раѓање да игра само за Ливерпул, тој не е играч за еден клуб, како Гери Невил и Џејми Карагер на времето.

– Она што е невообичаено е што Салах јавно зборува дека клубот му нема понудено договор на само пет недели пред да може да преговара со други клубови. Јас не сум убеден дека ако замине, тоа не мора да биде клуб од Саудиска Арабија. Ако Левандовски може да постигнува толку голови во Ла Лига, зошто и Салах не би заминал во клубови како Реал Мадрид или Барселона.

– Преговорите за неговиот претходен договор траеја 12 месеци, така што и досега имало ваква ситуација, на Салах парите не му се најбитни, па моето чувство вели дека ќе донесе одлука дури по крајот на сезоната, – вели Севиџ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни