Поврзете се со нас

Македонија

Порака од Јапонецот: Јасухира се збогуваше со Вардар (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Вардар 1961 останува без уште еден клучен играч, односно по голманот Мартин Томовски кој се пресели во Германија клубот го загуби и Косуке Јасухира.

Јасухира беше „моторот“ на „црвени-црните“ во кампањата 2023/2024, ас кој ја движеше играта на екипата, даваше голови, бележеше асистенции и неговото заминување во Кувајт дефинитивно ќе биде проблем за скопскиот тим на кого нема да му биде лесно да пронајде соодветна замена.

Вардар бараше начин да го задржи Јапонецот кој беше позајмен од Висла Плоцк, но до договор не дојде и бекот ќе ја продолжи кариерата во Бурган.

Косуке со кратка, ама јасна порака се збогуваше со двократниот европски шампион и неговите навивачи.

-Крај на сезоната. Ти благодарам Вардар за сите спомени, -напиша „самурајот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни