Репрезентација
Поради трагедијата во Кочани, медиумските активности на репрезентацијата ќе бидат сведени на минимум

Македонија е завиена по црно по трагичниот настан што се случи во Кочани, настан по кој е прогласена седумдневна жалост во нашата земја.
Многу активности и настани ќе бидат намалени, одложени, а од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, а одложение се и пријателските средби кои селецијата до 16 години требаше да ги одигра со Естонија во Скопје.
-Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски. Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти, -порачаа од ФФМ.
-
Италија24 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија13 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија8 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија12 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија22 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Лига на шампиони12 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија24 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Шпанија9 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)