Поради голем интерес: Вардар пушти дополнителен број на билети за дербито со Кјелце

komiti

Дуелите меѓу Вардар и Кјелце секогаш бидел интересни, неизвесни, борбени, имало тензија, а секако истите предизвикувале голем интерес кај публиката без разлика дали мечевите се играле во Македонија или Полска.

Токму така се очекува да биде утре (17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“, дуел за кој дефинитивно има голем интерес и за тоа говори последниот потег на раководството на европскиот шампион. Имено вардарци информации дека пуштен е дополнителен контингент на билети кои ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата во салата.

Се работи за влезници кои се за секторот „СТОЕЊЕ“ и истите се по цена од 150 денари.

Facebook Коментари