Поврзете се со нас

Македонија

Попзлатанов промовиран во Македонија Ѓорче Петров

Објавено

на

Тимот на Македонија Ѓорче Петров официјално претстави уште едно летно засилување-тоа е Јован Попзлатанов.

Попзлатанов има кратка епизода во РФС од Летонија за да сега се врати дома и го облече дресот на „лавовите“ кои претходно ги обезбедија потписите и на Абу Камара, Кристијан Ивановски, Димитриј Димитриевски, Лавдрим Фазлиу, Балша Бановиќ, Филип Костовски, Кристијан Костовски и Филип Мишевски.

Инаку Јован во досегашната кариера беше дел од Тетекс, Пелистер и Вардар.

Кога е во прашање пак Македонија ЃП, тие воедно ја продолжија соработката со Боби Божиновски, Ермедин Адем, Кристијан Филиповски, Самир Фазли и Есмин Личина, додека Андреј Стојанов и Дашмир Берзати се прекомандувани во првиот тим и ќе патуваат на подготовките во Банско.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни