Поврзете се со нас

Германија

Попусто шетањата на Раиола и Алф Инге: Борусија ги затвори сите врати за продажба на Халанд

Објавено

на

blank

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке во овој период е доста актуелен во светот на фудбалот, посебно по неговото последно интеврју за порталот „Goal“.

Вацке во опширното интервју зборуваше за најразлични теми, го спомна евентуалното заминување на Санчо, а имаше што да каже и за актуелната ситуација околу Ерлинг Халанд.

Според Вацке, Борусија Дортмунд не планира да отстапува не планира да го продава Халанд затоа што во моментов немаат алтернативна опција ако тој си оди од клубот.

– Немаме алтернативна опција. Мирно ќе  зборуваме со Ерлинг, неговиот татко и неговиот агент, Мино Раиола. Сакаме да остане со нас, да дава голови за Борусија и следната година. Немаме алтернативен план за неговото заминување, -изјави Вацке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни