Попушти по три часа: Јотовски запрен во четвртфиналето на турнирот во Австрија

tomi pauza

Македонскиот ас, Томислав Јотовски не успеа да издвојува победа и пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот што се игра во Крамзах (Австрија).

Најдобриот македонски тенисер по скоро три часа игра загуби од Бразиелцот, Едуардо Дишингер со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби бразилскиот рекет со 6-0, по што следуваше контра удар на Томи со 6-1.

Решевачката битка пак траеше 1 час и 28 минути, се дојде до тај-брејк во кој Едуардо беше на повисоко ниво и со 7-2 дојде до четирите најдобри на фјучерост кој се игра на земја за награден фонд од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари