Автомобили
Популистичката мерка за намалување на маржата води кон криза и блокада на економијата!
Одлуката на Владата да интервенира поради ситуацијата на светската берза каде што цената на горивото расте, меѓу другото предвидува и да се намали малопродажната маржа која беше фиксна и не влијаеше на растот на цените.
Со свое соопштение се јави и најголемиот дистрибутер на горива во државава, а во нивното соопштение се изразува разочарување од носење одлуки без консултации.
Се оценува дека ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4.5 на три денари, односно за 33 отсто, претставува историски најниска маржа за трговците, што може да создаде непазарни услови – кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното функционирање на општеството, постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок.
– Ваквите мерки, кои што регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која што особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува – истакнуваат од компанијата.
Компаниите што снабдуваат нафта и нафтени деривати не можат врз себе да го понесат товарот на вештачко држење на ниска цена на горивата, како социјална категорија.
Сепак, станува збор за обврска на државата и на сите мерки што ѝ стојат на располагање, но не на сметка на пазарната логика и приватните компании. Оваа популистичка мерка е неодржлива и може да создаде дополнителна паника меѓу граѓаните, зголемена побарувачка и недостиг на гориво.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор