Поврзете се со нас

Свет

Поповски втор стрелец во победата на Цирих

Објавено

на

Тимот на Амичитија Цирих за кого настапува Мартин Поповски успешно ја реализираше првата битка против ТВ Ендинген во плеј-аут разигрувањето во Швајцарија.

Домаќините се изборија за триумф од 27-23, триумф до кој дојдоа откако одиграа супер квалитетни втори 30 минути кои ги реализираа со 15-10 што беше доволно за пресврт и победа.

Македонскиот репрезентативец Поповски беше втор стрелец во својот табор со четири голови (од осум обиди) зад Пабан Лопез Жорге кој ебе автор на пет погодоци.

Ларуш од Ендинген пак со девет голови беше најдобар стрелец на натпреварот.

Новата пресметка меѓу овие две екипи е закажана за 9 мај од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни