Поврзете се со нас

Свет

Поповски со блескаво издание донесе драматична победа за Цирих

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Мартин Поповски со своето фантастично издание одигра клучна улога во драматичната победа на Амичитија Цирих над Винтертур во првата лига на Швајцарија.

Домашниот состав славеше со 33:32 во дуелот во кој двата последни гола ги даде токму македонскиот интернационалец. Прво израмни на 32:32, а потоа ја презема и одворноста во 60 минута кога со прецизен удар од седум метри донесе триумф за својот тим.

Поповски го заврши ова соочување со девет голови од дванаесет обиди, односно беше втор стрелец во Цирих зад бекот Лапајне со дванаесет погодоци.

Ова за Македонецот и неговиот тим беше четврта победа во серија, па со 23 бода се наоѓа на четвртата позиција во најквалитетната ракометна швајцарска лига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни