Поврзете се со нас

Свет

Поповски скромен во третото плејоф соочување со Криенс Луцерн

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски со Амичитија Цирих повторно е во негатива во полуфиналната плејоф серија против Криенс Луцерн во првата лига на Швајцарија.

Криенс Луцерн не дозволи изненадување пред своите гледачи, славеше со 32-27 (16-14) и сега води со 2-1 во пресметката. Поповски го одигра најлошиот меч во ова полуфинале со само еден постигнат гол од еден обид.

Кај домаќините блескаше Шипиќ со 9 реализации, а исто толку кај поразените имаше Блатлер со тоа што пет од тие гола дојдоа од линијата од седум метри.

Новата „епизода“ од оваа битка е закажана за 24 април.

Cup tree provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни