Поврзете се со нас

Свет

Поповски погоди од тешка позиција за победа на Цирих

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец, Мартин Поповски заедно со голманот Роман Бахман беа херои во триумфот на Амичитија Цирих над Базел (26-25) во првата лига на Швајцарија.

Домашниот тим одигра две сосема различни полувремиња, во првото немаше одговор за противникот и му дозволи да направи предност од 15-10, но во второто одигра блескаво и со 16-10 дојде до големо славје, прво по пауза од два месеци.

Имено во самата завршница прво Поповски даде гол од тешка позиција за водство од 26-25 на 18 секунди до крајот , а пак потоа голманот Бахман го одбрани ударот на Шпенде во последниот напад за потврда на двата бода.

Крилото Поповски постигна три гола од пет обиди, Пабан Лопез со шест гола беше најдобар негов соиграч. Прв стрелец беше некогашниот бек на Металург, Шпенде кој даде дури 13 погодици.

Во следното коло Цирих му гостува на Берн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни