Поврзете се со нас

Свет

Поповски одигра фантастично против Базел

Објавено

на

Македонското репрезентативно крило, Мартин Поповски одигра фантастичен натпревар во дресот на Амичитија Цирих во првата лига на Швајцарија.

На средбата против Базел која домаќините ја добија со 33-26, некогашниот ракометар на Вардар и Тинекс Пролет даде осум голови и беше прв стрелец во својот табор, односно втор на натпреварот зад поранешниот член на Металург, Александар Шпенде кој беше автор на 11 погодоци.

Цирих со 4 бода е на претпоследната 9. позиција на табелата, во следното коло ривал му е Тун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни