Поврзете се со нас

Свет

Поповски одигра ефикасно и без грешка, Цирих дојде до првата полуфинална победа во плејофот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Составот на Амичитија Цирих за кој настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски успеа да израмни на 1-1 во полуфиналната серија против Криенс Луцерн во првата лига на Швајцарија.

Цирих го одбрани домашниот терен и триумфираше со 31:29 (18:14), победа која сигурно ќе донесе нова енергија и поголема самодоверба кај Мартин и компанија во продолжението на оваа серија.

Поповски повторно беше меѓу најдобрите и најефикасните во својот тим (блескаше и на првото соочување) со пет голови од исто толку обиди.

Наредната средба е закажана за 21 април и улогата на домаќин ќе ја има Криенс Луцерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни