Поврзете се со нас

Свет

Поповски одигра без грешка против Арау во плејофот во Швајцарија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Мартин Поповски имаше уште еден одличен натпревар за Амичитија Цирих во четвртфиналната серија против Сухр Арау во плејофот во Швајцарија.

Македонскиот интернационалец на првата средба даде седум гола, втората ја заврши со еден помалку, додека на оваа третата имаше седум реализации и тоа без грешка.

Меѓутоа за жал ова перфектно негово издание не беше наградено, Цирих претрпе пораз во својот дом од 32:30 и во негатива од 2-1 во серијата со Арау.

Сега Македонецот и неговите колеги ќе мора да слават на теренот на противникот на 15 април за да се изборот за мајсторка пред своите гледачи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни