Поврзете се со нас

Свет

Поповски меѓу најефикасните во втората плејоф победа на Цирих

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Мартин Поповски со неговата Амичитија Цирих е на добар пат да ја мине четвртфиналата плејоф рунда во најсилниот швајцарски ракометен шампионат.

Цирих славеше и во втората пресметка со Сент Гален, па сега му е потребна само уште една победа да се затвори оваа серија. Гостите и на овој меч славеа со осум разлика, овојпат со резултат 34:26.

Македонскиот интернационалец беше меѓу најефикасните кај победникот со четири реализациии од шест обиди.

Третиот натпревар во серијата е закажан за 4 април.

Поповски промаши само еднаш, Цирих со победа го стартуваше четвртфиналето во Швајцарија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни