Поврзете се со нас

Свет

Поповски меѓу најдобрите против Кадетен Шафхаузен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Амичитија Цирих на Мартин Поповски не успеа да избори позитивен резултат на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен во рамките на 23. коло во првата швајцарска лига.

Првиот дел мина во израмнета игра и на пауза се замина со резултат 13-13, по одморот се видеше голема борба, гостите во неколку наврати водеа и со три разлика, но лидерот соодветно одговори, направи пресврт и дојде до конечно славје од 33-30.

Нерешлива енигма за гостите беше Марош со дури 11 погодоци од 12 обиди, додека пак на другата страна Поповски со 4 реализации беше дел од групата од пет играчи кои беа израмнети на врвот на листата на стрелци.

Со 31 бод Цирих се наоѓа на третото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни