Поврзете се со нас

Свет

Поповски и Цирих се изборија за тешка победа над Базел

Објавено

на

Тимот на Амичитија Цирих за кој настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски избори победа над Базел од 26-25 во првата лига на Швајцарија.

Како што кажува самиот резултат беше неизвесно до последната секунда, ама среќата, знаењето, квалитетот беа на страна на гостите кои дојдоа до вреден триумф кој е осми во натпреварувачката 2022/2023.

Харбуз со десет гола беше во прв план кај Цирих, Лаубе даде четири, додека нашиот Поповски има 50 процентна реализаиција или поточно три погодоци од шест обиди.

Со вкупно 17 бода Цирих е на четвртото место на табелата. Наредниот натпревар го игра на 26 ноември против Кадетен Шафхаузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни